6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Sweet Bakery препорачува: Интегрална слатка пита

Оваа вкусна пита се прави лесно, и навистина е превкусна. Следете ги чекорите во подготовка и почнете со тестото. Потребно е:
250 гр путер
150 гр.шеќе во прав
1 јајце
10 гр ванилин шеќер
кора од лимун или порртокал
400 гр интегрално брашно
Од сите набројани продукти се замесува тестото, кое потоа се остава да отстои во фрижидер неколку часа.

Следниот чекор е расукување. Тестото се расукува во тркалезно плехче, 2/3 од целото тесто а другата третина ја оставаме за покривање на питата.

Фил:
800 гр модри сливи се сецкаат на половинка, со малку путер, 50 гр кафеав шеќер и 50 гр мед, се загреваат на на тивок оган 10-тина минути за да се соединат состојките а мирудии се додаваат по желба.
Филот се става преку кората, се покрива со останатиот дел од тестото и се пече на 200°С околу 10 минути.
Ладната пита се наросува со шеќер во прав.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена