10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Мојата новогодишна софра. Chef Маре Јаневска: Кога ми помагаат малите рачиња, празничното мени е уште помагично

За Chef Маре Јаневска и нејзините деликатеси се знае во континуитет- готвењето го има во малото прсте, но креативноста, она нешто што ја опишува нејзината посебност, го толкувам како женска, емотивна енергија. Ете, во тоа е тајната на оваа шармантна готвачка.
Бидејќи го слави животот секојдневно и овие празници поминуваат со нејзиниот белег- задолжително домашно лепче, по желба на домашните: класика со кифлички, сарми и руска салата а за нејзината душа- лосос мариниран со цвекло, џин и свеж копар.

– Навистина не сум голем љубител на стандардни новогодишни јадења, (печено месо, руска салата, сарма, пита и кифли), но сето тоа го правам со задоволство за моето семејство. Кога имам помош од син ми Марче, магијата е уште поголема- вели Маре. Бидејќи го славам секој ден од животот, и овие празнични денови уживам во добро лепче, убави сирења и квалитетно вино.
Омилената комбинација ми е штотуку изваден топол, крцкав леб, разно разни сирења, путер со свежи мирудии и секако- вино. Лепчето Дедо Мраз, од пред неколку години, е редовен на нашата трпеза.

Од месо издвојувам маринирани шпиц кременадли, со печен млад компир со лук и мајчина душичка.

Од благи работи, освен тоа на фотографиите, можам да понудам и слатки разговори со пријатни луѓе.

Ме исполнува кога за празниците ги изненадувам најдрагите со домашно зготвено, во форма на слатки, теглички полнети со слатко, џем, ајварчиња, домашен кекс и баклава. Уште порадосна сум кога ќе видам колку ќе ги усреќам.


Луѓе, сакајте се.
На сите ви посакувам убава, вкусна и блага 2022 година!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена