Предлог за убава, лесна вечера е палента со спанаќ што се приготвува многу лесно а е превкусна. Постапката е следна: во зовриена солена вода со две чешниња лук, капнувате малку масло и додавете еден филџан спанаќ.
По неколку минути, постепено ставате палента, мешајќи се додека смесата не стане мазна. Процедурата е стандардна, но бидете внимавателни да не се изгорите.
Кога ќе се згусне, палентата е готова, испарува и мириса предизвикувачки.
„Фајнл тач“ е наросување со пармезан и насмевка. Уживајте.
Текст и фото: Вања Тодоровска