10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Мојата кујна. Смилевски комат

Месењето ме опушта. Тоа е мојот ритуал што ми носи среќа а реално гледано, кога ќе влезам во „филмот на питите“ јас ги усреќувам сите околу мене. Звучи самобендисано, но скромноста: другите да забележат и пофалат, ја оствив во претходниот живот.
Значи, време е за комат и тоа смилевски, затоа што го вкусив во моето најубаво Смилево и затоа што ми асоцира на безгрижноста.
Го правам коматот од око, ништо не мерам а базата ми е брашно, вода, сол, квасец, ронка шеќер и прашок за печиво. Најважно е тестото да биде меко.
Ги мешам сите состојки се и почнувам да месам. Реков, ме опушта а тестото е квалитетно измесено, затоа што не гледам ниту на време ниту на луѓе. Процесот трае, и трае и трае…
Кога не се лепи, знам дека тестото е готово. Следниот чекор е делење на два дела, едниот е „главен дел“ и затоа е поголем, а другиот е „капак“, и тоа е помало топче.
Ги развлекувам тестата напоредо, и ги мачкам со масло и маргарин, па внимателно го виткам, го спојувам во топче, да отстои, а всушност сега се подготвува да стане лиснато.
Е сега е финалето. Го мачкам тавчето, и ја развлекувам кората над него, за да можам да направам плетенка. Го ставам филот.
Мојот најомилен фил е со спанаќ, ситно сечкан и гмечен, и здружен со многу урда.

Сега е на ред вториот дел, ја ставам помалата кора, ја плетам плетенката, и доколку ми успее, коматот наликува на пожелен убавец.
Многу често мојата пита, или смилевскиот комат, се подебелки одошто треба, но убавината е во окото на набљудувачот.
Да не заборавам- кога питата е готова, кога ќе добие убава златеста боја се попрскува со вода, и се покрива со крпа. За петнаесетина минути ова парче комат некого ќе направи среќен.
Гарант.



Текст и фото: Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена