Немаме резервна планета, порачува еко-амбасадорка на Еко Ген, Викторија Лоба
„Еко Ген е еко концепт кој заслужуваме да го живееме сега и во иднина!“- вели Викторија Лоба, еко-амбасадорка на новиот Еко Ген интернет проект кој е наменет за здрав и свесен начин на живот во хармонија со себе, околината и нашата планета.
„Како еко-амбасадорка сакам да ги поттикнам сите љубители на животната средина да се грижиме за неа преку користење на еколошки производи, совети како да постапуваме секојдневно за да не правиме штета на природата. Секој од нас, со наши мали чекори може да ги ублажи климатските промени затоа што планета Б немаме,- појасни пејачката Лоба.
Рецепти, животен стил, здравје и продукти се можностите кои ги нуди Еко Ген кој е отворен за посетителите 24-7 како онлајн продавница и лајфстајл информатор.
„Ecogen.mk е иновативен онлајн концепт кој нуди едукација во форма на информации поврзани со последните новини околу здрав начин на живот, совети од велнес експерти, фитнес, екологија и култура на здрава исхрана. Дополнително Еко Ген на својата публика им пласира здрави рецепти секој ден и онлајн продавница со достава на органски, био прехранбени продукти, козметички био продукти како и zero wasteпродукти. Нашата цел е едноставна но вистински важна, а тоа е да го подобриме квалитетот на животот на луѓето и воедно да и помогнеме на нашата планета,“ појаснуваат од Еко Ген.
Еко Ген како проект е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.
Коментарите се затворени