Шеф Игор Каспер од Лондон: Royal breakfast
Ова е појадок што се служел во кралската кука, и тоа од кујната каде работат „ројал готвачи“. Тие тоа го направиле за кралското семејство а главната цел е појадокот да е брз, убав и вкусен.
Овој Ројал појадок што го има во лондонскиот „No1 restoran“ се состои од тостиран леб или англиски солен мафин, кој се премачкува со путер, се додава димен лосос, или како што велат тие, англиска димена риба, спанаќ или рукола, и нивното толку познато поширано јајце (кај нас познато како- јајца на вода). На крај се става Холландес сос, се декорира со „konkase“ а може и со сечкан зеленчук.
На здравје на сите!
Royal breakfast
Состојки:
2 јајца
2 тостирани лепчиња
50г димен лосос
30г спанаќ или рукола
40мл холандес
30г konkase томато
Коментарите се затворени