15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

„Балкан бенд“ сними машка химна за другарство и љубов

Групата “Балкан бенд” минатата недела го објавија видеото за песната “Стари песни, стари другари” која е авторско дело на братско- сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски. Станува збор за брза и динамична песна, а очекувањата на членовите на групата се дека оваа песна во наредниот период ќе биде летен хит, но и дека најмногу мажите ќе се пронајдат во неа.

-На оваа песна не и треба многу слушање, таа уште од првото слушање се памти, влегува во уво. Затоа сите ние искрено се надеваме дека и како што ние ја засакавме на прво слушање, така и  публиката ќе го направи истото. Во песната се пее за дружба мечу мажите, за машко другарството и љубов, велат од бендот.

Видеото е снимени на неколку локации во Скопје, а зад негоае потпишани битолската “Веста продукција”.

-Се потрудивме стиховите да ги преточиме во видео и мислам дека успеавме во тоа. Сега мирно можеме да го дрвршиме дуетот со Сузана Гавазаова и тоа навустина ќе биде бум. Нема време за одмор, работиме напорно и наскоро ќе ги изненадиме фановите со една поп-фолк тема со Сузе, велат од “Балкан бенд”.

Погледнете го видеото:

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена