фото: Pexels
Потребно е: 100 г сирење, малку нишесте, литар млеко, малку масло, половина килограм кромид и црн пипер.
Кромидот се чисти и ситно се сече а потоа се пржи во масло. Откако ќе се вцрви, се налева чаша вода, се посолува а во друго тенџере се вари млекото со брашното кое предходно е измешано со малку ладно млеко. Кога кромидот ќе омекне, се пасира, се додава бешамелот и се вари уште 20 минути. На крај се додава ренданото сирење или кашкавал, црн пипер и се служи.