9.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Голем нос – голема храброст

Романтичниот филм „Часови“ во тунелите на женската осаменост и себе сецирање, во една од насловните улоги ја имаше Никол Кидман која го толкуваше ликот на Вирџинија Вулф. Носот на лицето на Кудман, специјално дизајниран за таа намена, според истиот на славната писателка, сосема го смени ликот на убавата австралијанка. Изгледаше сосема поинаку. Престрога и непожелна .


Носот дава интересна физиономија на лицето. Со носот станувате вештерка или добра вила, имате кроткост, добивате на строгост или луцидност…“Асортиманот“ е најразличен – класични, прчести, кукасти.., ама секогаш совршено одат во комплет со „својот газда“. Како срастени во физичко постоење и идентитет, поистоветени и предадени еден на друг, и затоа ништо чудно што Барбара Стрејсенд си го осигури најголемиот недостаток, носот а Марија Калас ниту во лудило не се одрекнала од „складното несовршенство“ од лицето.
Дали поради вицовите каде се опејуваат босанци, големината на носот барем кај преставниците на посилниот пол, се поистоветува со големината на машкоста .Можеби затоа мажите просто уживаат во својата несовршена автентичност. Голем нос- голем маж!
Жерар Депардеје својот нос го искористи во многу работи. На пример, има винарска визба каде добро знае да „нањуши“ добро вино. Потоа, сите улоги на симпатични дебелковци, особено онаа на Сирано Де Бержерак што ја одигра со особена маестралност.
Популарниот актер и режисер, босанецот Бранко Ѓуриќ Ѓуро севкупниот шарм го има токму во носот. Сличната приказна ја имаа Шарл Азнавур , Вуди Ален,Белмондо…
Во современиот свет каде се е „тенко и мало“ без разлика дали станува збор за струк, лице, нос…, и повеќето припаднички на понежниот пол тешко можат да поднесат било каква физичка несовршеност. Но, ситуацијата кај дамите од филмските платна, театарските бини, манекенските писти… е поразлична. Тие и покрај своите физички несовршености, лесно стануваат предемет на машката фантазија. Списокот на дами кои имаат неправилен или- несмасен нос е навистина завидлив. Софија Лорен, Ана Мањано, Барбара Стрејсенд, Марија Калас, Анџелика Хјустон, принцезата Дајана, Хелен Хант, Сара Џесика Паркер. Италијанската филмска дива Софија Лорен, и покрај годините за многумина сеуште го потврдува атрибутот секс-симбол. Свесна за таа карактеристика Софија одлично ги игра животните улоги. Но, понекогаш знаела да признае што вистински ја вознемирува. На прашањето -што најмногу мрази кај себе си ?, Софија без многу размислување одговарала – носот.

Американската актерка Анџелика Хјустон, првата улога на филм ја добила кога имала 18 години. Во 1991 година доживува нешто како кам- бек играјќи го ликот на Мортиша, во популарните филмови за ,,Семејството Адамс“. Иако злобниците знаеја да се пошегуваат дека оваа улога одлично се вклопува со нејзиниот физички изглед, Анџелина има на што да се присети- во минатото имаше успешна манекенска кариера. Стана составен дел на многу модни списанија а често блеснуваше и на некоја од насловните страници на најпознатите светски магазини.


Линда Евангелиста е златната манекенка која во осумдесетите ги помести критериумите на модната писта, заедно со Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон…Вели дека носот и е помалку „змиски“ ама отровот не е карактерна особина…Кралицата на оперската сцена Марија Калас, покрај својот божествен глас и вродена музикалност оставаше впечаток и со својот изглед. Постојано фотографирана и фокусирана таа не го криела својот проблем -носот. Но, силниот карактер не и дозволил да падне на антикомплименти, особено што гласот и бил лозунг за многу работи..
Барбара Стрејсенд, својата кариера ја започнала уште додека била тинејџерка. Прво почнала да пее а подоцна и да глуми, но и таа имала плачливо тинејџерство, токму поради несмасните коментари на врсниците..
,,Во најосетливите години размислував за хируршки потфат, но за среќа донесов важна улога. Сватив дека впечатливиот нос симболизира цврст карактер, луцидност, сила и талент. И се разбира најважно од се: гордост – е заклучокот на Барбара.

фото- Vanityfair , Zimbo

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена