Потребно е: 4 парчиња пилешки гради без коски, сол, црн пипер, четврт филџан брашно, путер, 1 исечкан кромид, четврт филџан суво бело вино, 1 лажица свежо исечкан зеленчук, пилешка супа, половина филџан павлака за готвење, свеж естрагон за декорација.
Посолете и сипете црн пипер врз пилешкото место и извалкајте го во брашно. Во големо тавче загрејте три лажици путер и пржете го месото се` додека не порумени. Префрлете го на салфетка во чинија. Во тавче ставете го исечканиот кромид и кратко пропржете. Додадете го виното и варете на висока температура додека речиси не испари. Останатото брашно додадете го во тавчето и мешајте додека не се создаде густа маса. Додадете го исечканиот естрагон и пилешка супа. Вратете го пилешкото месо во тавчето, поклопете и варете се додека не омекне, околу 25 минути. Извадете го месото од тавчето. Останатиот путер и павлака за готвење додадете ги во тавчето. Загрејте и промешајте, а потоа полијте го пилешкото месо во чинијата за сервирање. Декорирајте со свежи листови естрагон.