Задутре (среда) со почеток во 20.30 часот во Фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи „Вечер на популарни оперски арии“ со Полина Тасева -сопран, Влатко Груевски -тенор и Андреј Наунов -пијано. На програмата ќе бидат изведувани дела од Верди, Штраус, Пучини, Доницети, Кардиљо, Сартори и други.
Настанот е во рамките на „Скопско лето“ а организатор од Дирекцијата за култура и уметност. (В.М.)