Позитивната вибрација која пејачот Дарио ја предизвика со неговата песна „Што е мое ќе си дојде“ не стивнува, особено откако стана химна на Вортек семејството не само на Балканот, туку низ целиот свет. Позитивно да се гледа на животот не е само фраза, тоа на свој грб сега го почувствува и Дарио, кој глава не може да крене од повици, особено од завчера кога беше промовиран спотот на српската верзија од песната „Што е мое ќе си дојде“, во кој песната му ја пеат почитувачите на Вотекс од целиот свет.
Очекуваше ли ваков развој на настаните кога ја снимаше песната?
-Секако дека оекував, затоа и го почнавме овој проект со Кристијан Габроски. Можеби не баш до толку многу, затоа што ова станува навистина големо. Но, во секој случај точно имав ориентација за што се работи и во кој правец може да отиде проектот “Што е мое ќе си дојде”.
Дали после се осозна колкава армија е Вортекс?
-Јас и пред ова ја знаев силата на Вортекс армијата, само што не обрнував баш толку многу внимание, се до првиот контакт и директната соработка со Ана Бучевиќ. Сега точно знам дека тоа е најсилната и најмоќната позитивна армија во поширокиот регион, па и низ светот. Секоја чест.
Колку ти за ова време научи за Вортексот и почна да го применуваш? Размислуваш позитивно? Медитираш? Или едноставно како се заштитуваш од негативни влијанија?
-Вортексот и го оставам на Ана Бучевиќ, а јас продолжувам да се држам до музиката и текстовите, како и до сега. Секој од нас плива во своите води, таму каде што е најсилен. Јас и подарив на Ана една без временска химна, а таа мене едно ново, преубаво позитивно гледање на се околу мене и генерално на животот. А овие две работи не можат да се купат со никакви пари. (В.М.)