15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Ѓувеч од грав

Потребно е: 400 г. грав, 2 главички лук, чешне лук, сол , црн пипер, магдонос, 3 домати, 250 г. мелено говедско, 1 јајце, брашно, колбаси.
Гравот, навечер полиен со студена вода, наутро се цеди и се става да се вари. Од месото, јајцата и малку сол се обликува ќофте и се валка во брашно, па се пржи на масло. Исчистениот и измиен лук се сецка и се пржи на масло и се додава во веќе омекнатиот грав. Се посолува и се зачинува со црн пипер. Кобасиците малку се обаруваат и тенко се сецкаат. Во подлабока земјена посуда се става половина грав, на него се редат топчињата од месо, а меѓу нив кобасици. Се покриваат со слој од маснотија, во која е замешан исечкан домат. Одозгора се става слој од преостанатиот грав. Јадењето се залева со малку масло и се запекува во релна. Готовото јадење обилно се посипува со магдонос.
фото- nipic.com

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена