Потребно е: 2 риби (бранцин, пастрмка), половина килограм компири, 200 г блитва (спанаќ), 4 чешниња лук, магдонос, лимон, сол и масло.
Приготвување: Исчистете ја и измијте ја блитвата, па кратко обарете ја во солена вода. Исцедете ја и ставете ја во чинија. Одозгора посипете ја со исечкан магданос и попрскајте ја со сок од лимон. Излупете го компирот, исечете го на четвртинки и сварете го во солена вода. Додека се вари компирот, рибата ставете да се пржи во длабока тава од обете страни. Кога ќе порумени, извадете ја и ставете ја во чинија со блитвата и варениот компир. Попрскајте со сок од лимон.
фото; posnajela.rs