Потребно е: Два модри патлиџана, еден кромид, еден компир, еден морков, магденос, сол, бибер, црвен сол, шоља ориз, масло, бабури колку треба.
Подготовка: Модриот патлиџан излупете го, исецкајте го на коцки, посолете и оставете го да стои. На масло пропржете го сецканот кромид и компир и додадете го исцеден модриот патлиџан. Динстајте додека да омекне а додадете го сецканиот патлиџан и ориз, па посолете и забиберете. Добро измешајте го и наполнете ги бабурите со тоа. Ако сакате направете тенка запршка од црвениот сол и пасираниот патлиџан па посипете ги пиперките. Може да ги печете во рерна, но и да ги варите на тивок оган.