Потребно: 500 г телешко месо, масло, 3 главици кромид, 500 г компир, 1 страк праз, лажичка ким, лажичка лута мелена пиперка, сол, вода.
За млечните кнедли е потребно едно јајце, еден децилитар млеко, малку сол и 4 лажици брашно.
Кромидот излупете и ситно сецкајте. Празот исечете го на тркалца а месото и компирот исечете го на коцки. Во загреана тава ставете масло и пропржете ги кромидот и празот. Додадете го месото и пржете, потоа додадете ги зачините и вода по потреба. Кога смесата ќе прокрчка додадете го компирот и оставете го да се вари на тивок оган.
Во брашното за кнедли додадете го јајцето, посолете и постепено со вилушка мешајте, да се добие хомогена маса. Со лажица додавајте ги кедлите во гулашот и варете додека да испливаат на површина.
Извор: kucica.net