Фолк пејачот Наум Петрески периодов задолжително е во Струга, во Радожда, низ Охрид. Тој вели дека секоја година оди некаде на одмор, но после тоа едвај чека да си дојде Струга.
-Ова е одмор за мојата душа. Да се видам со пријатели, роднини. Да ловам риба на Дрим. И вчера ловев ама слабо. Се расипа времето и ништо. Иако знам да уловам, кога ќе се погоди. Струга е мој прв дома и најубаво ми е кога сум тука. Скопје е нешто сосема друго. Иако и Скопје го сметам за дома,ама второ дома. Тука ќе бидам додека децата не тргнат на училиште, вели Наум, кој одмараше во Радожда.