На вчерашното доделувањето на видео музички награди MTV VMA што се случуваше во Њујорк, Џенифер Лопез го доби специјалното признание Michael Jackson Vanguard Award. Таа приреди вистински спектакл, со микс од нејзините хитови, вклучувајќи го и последниот „Dinero“ што го зачини со емотивен говор посветен на најдрагите, нејзините деца и нејзиното момче, Алекс Родригез.
„Кариерата ми била секогаш опсесија. Но, кога двата мали ангели дојдоа во мојот живот, се се смени. Знаев дека морам да бидам подобра, посилна од порано. Сега стојам тука, посилна и подобра од било кога”, рече Џенифер, надоврзувајќи се потоа на љубовта.
„Алекс Родригез, ти си мојата сродна душа. Животот ми е посладок и подобар со тебе, ти секој ден ме учиш дека небото не е граница, дека универзумот е бесконечен и дека со љубов, доверба и разбирање можеме да постигнеме се“.
Фото-Daily Mail