Фолк пејачката Татијана Стефановска за шест годишнината од брак со сопругот Митко Бежаноски остана сама. Место годишнината од брак со Митко да ја прослават на романтична вечера со свеќи и цвеќе, тие беа разделени. Причина за тоа е професијата. И двајцата беа зафатени со настап на различни места.
-Ова не е прв пат јас и Митко да бидеме разделени за важни датуми од нашата љубов, брак па и живот. Вчера ни беше шест годишнина од венчавање, се венчавме на Плаошник, а во петок ни е годишнина од свадба. Ниту вчера можевме да прославиме, ниту, пак, во петок. И двајцата сме веќе со одамна договорени настапи. Колку ида е тешко мора да се издржи. И двајцата сме свесни за обврските во нашата професија, јас како пејач а тој како музичар. Ние и родендените ги славиме посебно. Јас сум родена во јануари а тој веќе редовно во тој месец е заминат на новогодишна турнеја. За дочекот на Новата Година да не зборувам. Ретки се моментите кога за најлудата ноќ настапуваме заедно. Така е и за 8. Март. Нашите заеднички моменти ги планираме меѓу обврските. Кога ќе успееме да украдеме неколку дена меѓу настапите, како што го направивме и пред десетина дена. Имавме простор и бевме на кус одмор во Грција, вели Татијана.
И покрај професионалните активности, кои придонесуваат за нивната честа разделба, тие се презадоволни од нивните шест години брак.
-Среќни сме во бракот. А јас имам среќа што покрај себе имам човек кој ме разбира и во професијата и во секојдневниот живот. Митко е покрај мене, односно заедно сме во сите пријатни и непријатни моменти кои ни ги сервира животот. Заедно пребродуваме се, додава пејачката. (В.М.)