4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Лошите навики пред спиење може да ви го расипат денот

Сосема разбирливо е ако по напорниот ден, единственото сакате да се опуштите во кревет. Но дали сте испуштиле да направите нешто пред спиење, што може да е причина за заморот и нерасположението во текот на следниот ден?  Еве како навиките пред  спиење може да ви го саботират времето по будењето.

Решавање конфликти со вашиот партнер

Старата изрека „никогаш не легнувајте лути“ може и не е толку мудра. Но, кавгата со партнерот не само што ќе ви го скрати времето за спиење,  туку и ќе бидете премногу возбудени за да заспиете. Подобра алтернатива е да си молчиш и да си легнеш. Обидете се да заспиете и да го решите проблемот следното утро.

Не користете влажни марамчиња

Непријатно е да се разбудите со мозолче на лицето, особено пред важен состанок. Дури и да не се шминкате, не заборавајте да си го исчистите лицето од пот, маснотија и сите испарувања и нечистотии преку денот. Измијте го лицето, со вода или тоник и нанесете ноќен крем.  Кожата ќе ви биде благодарна.

Тренирајте

Многу луѓе кои немаат време за тренинг наутро, тренираат во вечерните часови. Сепак, имајте на ум дека ова може да го попречи сонот. Според експертите, вежбите пред спиење го нарушуваат ритамот. Обидете се да тренирате веднаш после работа или неколку часа пред спиење.

Пушење

Не мора да ви кажуваме колку штетно е пушењето за вашето здравје, но сето тоа е личен избор. Обидете се, сепак, да не го сторите тоа пред спиење. Никотинот е стимуланс и може да го отежни заспивањето, што значи дека следниот ден ќе се чувствувате уморни и раздразливи.

Алкохол

Пиењето може да ви помогне да се опуштите и да заспиете побрзо, но тоа може да влијае на квалитетот на спиењето. Според истражувањата, ако сте претерале, може да се будите ноќе и нема да успеете да постигнете длабок сон.

Социјални мрежи

Последното гледање на социјалните мрежи пред спиење може да изгледа безопасно, но гледањето на постови може да направи да заспиете потешко. Истражувањата покажуваат дека луѓето доживуваат хормонални промени во мозокот кога ги гледаат социјалните мрежи, бидејќи  мозокот им сигнализира на надбубрежните жлезди да излачуваат кортизол и адреналин.  Со активирањето на овие „стрес хормони“ ќе ги зголемите енергетските  нивоа а тоа е  последното нешто што го сакате пред спиење.

Го гледате телефонот в кревет

Докажано е дека светлината од екраните на вашите смартфони води до развој на сериозни болести, дури и рак на дојка. Освен тоа, отстранувањето на телефонот од креветот ќе ви помогне да го подобрите вашиот сексуален живот.

Вечера

Ако имате навика да јадете нешто пред спиење, имајте на ум дека овие калории побрзо се претвораат во масти и не согоруваат. Ова предизвикува брзо зголемување на телесната тежина и голем број на проблеми како што се дијабетес, проблеми со стомакот. Покрај тоа, вашето тело ќе мора да работи на варењето на храната наместо да се одмара. Престанете да го правите ова и ќе видите колку брзо ќе почнете да слабеете!

Проблем со косата

Ако се капете пред спиење, одвојте време за да ја исушите косата. Мократа коса се крши, а освен тоа следното утро ќе ви треба  доста напор за да ја  ставите во ред. Ако ја врзувате во опавче, внимавајте да не ја затегнувате, бидејќи тоа создава напрегнатост во главата и може да ви попречи на сонот.

Извор: blitz.bg

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена