Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ вчера на нејзниот Твитер профил ставила слика со претседателот на САД, Доналд Трам и неговата сопруга Меланија. Кога Хрватите ја виделе сликата ги имале сите пофални зборови до претседателката, па дури и заклучиле дека таа изгледа помоќно и поубаво од Меланија. Порталот net.hr дури и спровел анкета која од дамите изгледа подобро а резултатите се 75 проценти за Колинда. Од вкупно 3. 717 гласови, дури 2.791 биле за тоа дека Колинда ја засенила првата дама на САД.
За оваа пригода и двете дами носеле слични фустани на преклоп. Колинда се појавила во креација на хрватската дизајнерка Снежана Мехун. Ова не е прв пат Меланија да носи креации од домашни брендови и дизајнери. Неодамна за интервју за руско списание кога на Колинда за фотосесија и донеле гардероба од светски брендови, таа ги одбила и им рекла дека ќе се слика исклучиво за хрватски брендови, не само за да ги рекламира, туку и да докаже дека тие исто се светски.
Фото: Andrea Hanks / Official White House Photo

