-0.2 C
Skopje
четврток, јануари 22, 2026
spot_img

„Еден месец на село“- премиера во МНТ

В сабота на големата сцена во МНТ, со почеток  во 20 часот, ќе биде одиграна премиерната изведба на претставата „Еден месец на село”, од авторот Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на Паоло Маџели.

 Во претставата игра плејада познати актери како Ѓорги Јолевски, во улогата на Аркадиј Сергеич Ислаев, богат земјопоседник,  Сашка Димитровска, како Наталија Петровна, сопруга на Аркадиј,  Дарја Ризова-Вера Александровна, млада девојка (штитеничка на семејството), Тина трпковска, како  Ана Семјонова Ислаева, Катерина Коцевска-  мајка на Ислаев, Никола Ристановски- Михаил Александрич Ракитин, куќен пријател, Александар Микиќ- Шаф, Германец, домашен учител, Нино Леви- Афанасиј Иванич Бољшинцов, сосед, Сашко Коцев- Игнатиј Иљич Шпигељски, доктор, Ана Стојановска- Катја, слугинка и други.

Претставата трае 140 минути со пауза.  Билетите се пуштени во продажба он лајн и на билетарата на МНТ.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена