10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Сама си? Еве како да најдеш љубов

Жена која мажите ги менуваше како чорапи, Џоан Крафорд за љубовта рече дека е оган. Но, никогаш не се знае дали огнот ќе ви го загрее срцето или ќе ви ја запали куќата. И, не сме сите пиромани, и не ја толкуваме сите така фатално љубовта, иако во неа се скриени сите можни тајни. За љубовта се пишува, таа е инспирација, движечка сила, мотор, па ништо чудно што имате потребата да бидете со некого.

За да ви се случи љубов, треба да си ги смените навиките и мислите.
Успорете го темпото. Почнете да обрнувате внимание на луѓе со кои сте поврзани и подарете им внимание, време и трпение. Пред се, вие ќе се чуствувате подобро, а со самото тоа се зголемува веројатноста попатно да најдете нова љубов и среќа. Внимавајте на шесте чекори што ќе ви помогнат да се најдете во среќна врска.


1. Насочете ги мислите на сегашноста, и одлучете се да бидете среќни токму сега е не во иднината кога ќе постигнете некоја цел. Екхарт Тол, авторот на книгата „Моќта на сегашниот момент“ вели дека ништо не се случува во иднината. Се се случува сега, а иднината е проекција на сегашноста што ја произведува нашиот ум.
2. Составете листа на луѓе и на работи за кои сте благодарни. Бидете повторно деца кои се среќни поради играта. Радувајте се и бидете им благодарни на малите нешта како што се насмевка, убаво кафе или неочекуван комплимент.
3. Ширете љубов и радост помеѓу луѓето во својот живот. Некого изненадете со подарок, зборувајте им на пријателите колку ви значат, повикајте драги луѓе на вечера. Насмевнете се зошто тоа ќе ви годи и на вас и на вашите пријатели. Ерик Алстербег авторот на книгата „Животот е авантура- водич на патот кон среќата“ вели дека нашата задача е во врските со луѓето да бидеме трпеливи и да сакаме зошто ќе примиме љубов онолку колку што даваме.
4. Сфаќате дека и ако сте без партнер, ништо не ви недостасува. Колку пати слушнавте дека е подобро да си сам отколку во лоша врска. Колку пати и да го слушнавте, тоа е вистина. Освен тоа ако излезете надвор со став дека сте сами и за жалење, ќе ги одбиете потенцијалните додворувачи. Засакајте се себе си, па ќе ве сакаат и другите.
5. Прифатете се онакви какви што сте и бидете свесни на фактот дека никој не е совршен. Секој човек на земја има свои мани, сомнежи и стравувања, само некои подобро се привикнуваат на тоа. Концентрирајте се на своите позитивни страни, таленти и предности и користете ги за да светот го направите подобро место за живеење. Замолчете го гласот во главата кој ви зборува дека не сте вредни за љубов и среќа и заменете го со чувство и смисла- за себе и за другите. Одбегнувајте ги негативните и премногу критичните луѓе кои ви ја цицаат енергијата и наоѓаат пречки за остварување на вашите сништа.. „Негативните луѓе ја имаат таа грда способност да ја уништат надежта и на другите да им ја згаснат креативната искра, пред таа да се претвори во оган, вели Рик Бринкман и Рик Киршнер, потписници на книгата „Како да се носите со луѓето што не можете да ги поднесете“. Имајте убави односи со луѓе кои ве поттикнуваат да бидете добра личност.
Инаку девоките грешат кога мислат дека мажите не сакаат вистинска врска, па се задоволуваат со незадолжителни комбинации за една вечер. Затоа прекинете да размислувате дека мажите се со вас само поради сексот, така ќе го најдете вистинскиот.


а) Г- дин погрешен можеби го познава г-динот вистински
Не ги прекинувајте контактите веднаш штом ќе сфатите дека тоа не е тоа. Обидете се да остварите другарски однос и излезете некогаш со неговото друштво. Можеби таму се крие вистинскиот.
б) Немојте премногу да се трудите
Немојте многу да се трудите затоа што очајот често прави да се задоволите со било што а тоа никогаш не е добро. Не мора да им се фрлате на сите машки без бурма за да го најдете вистинскиот. Бидете трпеливи и чекајте. Кој чека- ќе дочека.
в)Нема ништо лошо во тоа да имате стандарди
Добро е да имате некакви критериуми за тоа што сакате кај мажите. Не мора да се задоволите со машко без работа и без било каков интерес да ја најде, кој не мрднува од компјутер цел ден а навечер излегува без пауза. Ама во исто време немојте да бидете престроги. Ако имате стандарди што не може да ги исполни ниту еден маж, можеби ќе останате сами засекогаш. Внимавајте дека и тие се човечки битија и дека на нив им недостасува простор за живот.
г)Има многу мажи
На скршеното срце секогаш му треба време да се излекува ама има и други мажи што кон вас ќе се однесуваат на вистински начин и што ќе ве сакаат. Не ги опишувајте сите мажи како кретени. Има и добри луѓе што чекаат да ги откриете.


д) Бидете позитивни
Ако постојано критикувате, ништо не ви чини и се најдобро знаете, никој нема да сака да биде со вас. Едноставно- бидете позитивни.
Втората можност за запознавање на партнерот е преку интернетот. Дали сте скептични кон веб- страните кои ги даваат услугите на спојувањето. Тие имаат можност да ве спојат со некого според одредени карактеристики. Така однапред можете да дознаете со што се занимава, која храна ја сака, каде излегува и сл.
За да најдете партнер треба да се активирате и во други области. Запишете курсеви, училишта, придружете се кон волонтерски организации, политички странки, типично машки или типично женски организации.

И уште нешто за крај- ако имате 20 години, шансите дека ќе се мажите ви се поголеми од 90 проценти. Околу 35 година се 60%, на 40години -30%, а прогнозите за мажење за оние над 45 години не се воопшто розови. Интересно е дека разведените жени имаат поголема шанса да се омажат од оние кои што досега не биле мажени. Што би се рекло- повторувачите подобро поминуваат.

Фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена