-0.2 C
Skopje
четврток, јануари 22, 2026
spot_img

Концерт на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“ со оскаровски теми

Утре во Македонската опера и балет  Гудачкиот камерен оркестар „Арко“  по повод својот јубилеј, ќе одржи концерт на филмска музика.  Оскаровските теми компонирани од Џон Вилијамс, Ханс Зимер, Мишел Легранд, Енио Мориконе, Мајкл Џиакино, Нино Рота,  Хенри Манчини ќе бидат изведени на гудачки инструменти што ќе биде прв таков концерт во Скопје.

Концертот е насловен како  “It’s a Film”, а покрај 15те филмски оскаровски теми како „Мемоарите на една Гејша“, „Ла Ла Ленд“, „Синема Парадизо“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Ловец на елени“, „Легенда за есента“, „Милионер“, „Ѕвездени патеки“, „Баџирао Мастани“ ќе бидат изведени и теми од сензибилниот екстравагантен Боливуд.

Покрај ексклузивноста на програмата, вечерта ќе биде збогатена и од специјалните гости,Саи Шраванамна табла, дел од оскаровската екипа на филмот „Животот на Пи“ и Анџана Раџагопалан, сопран, од Индија, како и атрактивната Соња Калајиќ на виолина и пила од Белград.

Програмата е создадена од Ерхан Шукри,кој исто така ќе ја држи и диригентската палка, а за концертот вели дека ќе биде уникатно доживување да се слушнат светски реномирани музички имиња и единствена можност да се доживеат познатите музички теми во една сосема поинаква изведба. Концертот ќе изобилува со прекрасни визуелни ефекти, балет, театар, танц, а дел од гостите кои ќе настапуваат се и нашиот а светски познат гитарист Дарко Багевски, кој после многу години настапува во Скопје, пијанистот Дино Имери, сопранистката Полина Тасева.

Вечерта на филмските музички теми ќе биде збогатена со примеси на театар, пантомима и балет преку учеството на Игор Ангелов, Балетскиот оддел од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Мандолинскиот оркестар Скопје.

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена