3.8 C
Skopje
четврток, јануари 22, 2026
spot_img

Антонија Гиговска победи на „Макфест“: Наградата ја посветувам на мајка ми

Антонија Гиговска со песната „Никогаш не вели никогаш“ е победник на 33тото издание на фестивалот „Макфест“, кој заврши вечерва во Штип. Второто место му припадна на Роберт Билбилов за песната „Чудни места“, додека третото на Дани Димитровска за „Време“.

На фестивалот беа доделени и стручни награди како нагрда за најдобар дебитнт, која ја доби Мина Блажев, награда за најдобар ранжам, која ја доби Роберт Билбилов, најдобар сценаски настап, за настапот на Пепа и награда за најдобра интерпретација, која ја освои Наташа Малинкова, која ја испеа песната „Милион причини“

-Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на мајка ми. Денес и е роденден, рече Антонија веднаш по победата.

Дека Антонија, Роберт и Дани  ќе бидат меѓу првите троица и во финале и од нив ќе се бира победникот се знаеше уште од претходната вечер, втората полуфинална кога оваа тројка настапи и освои најголем број поени. Односно, на втората полуфинална вечер Антонија беше најдобра со вкупно 30 поени. Таа од публиката доби 12, од медиското жири 12 и од стручната комисија шест поени. И вечерва на финалето победата ја однесе со 30 поени со ист распоред. Роберт на втората полуфинална вечер заврши втор со 26 поени, доби 12 од стручната комисија, 10 од медиското жири и четири од публика. Втор заврши и во финале. Дани на полуфинале беше трета со по осум поени од стручна комисија и публика, додека од медиумите доби шест. Трета заврши и во финале.

Во паузата за гласање шоу имаше Дарио. Тој по долги години се врати на „Макфест“ и кога се појави на сцена спомените ги сподели со публиката.

По 33 години од првиот настап, Дарио со шоу на „Макфест“

-Вечерва има многу совпаѓања. На првото издание на „Макфест“ во 1986 година настапив за прв пат. Јас го отворив фестивалот, настапив прв со песната  „Старо купувам“, по текст од песна напишана од Ацо Шопов. Домот на културата се вика „Ацо Шопов“. Еве повторно после 33 години со „Старо купувам“ го почнувам шоуто, рече Дари, кој отпеа седум песни од неговиот богат репертоар.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена