15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Џина Папас – Џокси: На „Макфест“ бев како наставничка со децата

 

„Љубовта е“, песна што Џина Папас- Џокси ја изведе на 33-тиот „Макфест“ не доби никаква награда, но собра многу симпатии и дефинитивно ќе го одбележи ова издание на нашиот најстар фестивал на забавни мелодии.
И, ова не е осамен пример на песна што ќе се памети а не е наградена, што звучи скоро лирски, има идентитет, професионално е изработена, а белегот и го дадоа авторите – Џокси, Дарко Тасев и Огнен Неделковски.

Џокси беше придружуван од танчерите од студиото за танц BREAK THE FLOOR од Штип, кои постојат 10 години. Ева Пејова, сопственик, иструктор и кореограф, танчерите Глорија Атанасова, Нена Николова, Сабина Мустафче, Ангела Анева, Марија Цветанова и Анастасија Ѓурова

 


Настапот на Џокси на фестивалот малку ја скрши монолитноста создадена од младите изведувачи, иако вели самиот, воодушевен е од новите сили, од нивните фантастични гласови, а чувството да се заедно на сцена го раскажува на негов шеговит начин.
-Неминовна е смената на генерации а Ѓоко Таневски, Дани, Маријан Стојановски и јас, на овој „Макфест“ бевме единствените пејачи со стаж. Нелогично е да се натпреваруваме со деца кои на музичката сцена зачекоруваат за првпат. Најмладата учесничка има 14 а јас 61 година, што значи дека и нејзините родители можат да ми бидат деца, ха ха ха. Затоа велам, на сцената навистина се чувствував како наставничка со децата. Не знам зошто организаторт не ја врати дебитантската вечер, па сите заедно да уживаме во нашата музичка иднина.
Големата разлика во години, генерациски „јаз“ веднаш ја истакнаа поинаквоста, бидејќи Џокси и немаше песна со „модерен звук“, немаше конфекциска композиција, но тоа не значи дека има намера да се откаже од фестивалите.
– Евидентно е дека познатите изведувачи носат публика, предизвикуваат внимание но и му даваат тежина на фестивалот. Новите пејачи се нашата иднина, им треба добра песна и секако време.
Инаку, оваа композиција требаше да ја пее Влатко Илиевки. Преговорите беа куси, а Влатко воодушевен од песната ми рече да ја чувам за него. Ја потпевнуваше цело време, му влезе под кожа…За жал се случи трагедијата… Конкурирав на „Макфест“, а понудата јас да ја пеам песната дојде директно од уметничкиот директор Владимир Дојчиновски. Долго размислував, но на крај, попуштив.
На сцена Џокси беше придружуван од танчерите од студиото за танц BREAK THE FLOOR од Штип, кои постојат 10 години. Само убави зборови слушнав за соработката со Ева Пејова, сопственик, иструктор и кореограф, со танчерите Глорија Атанасова, Нена Николова, Сабина Мустафче, Ангела Анева, Марија Цветанова и Анастасија Ѓурова.
Инаку „Љубовта е“ веќе има видео запис, спотот е резултат на соработката со хрватската филмска куќа „Dugoselangeles“, и е правен според приказна на Ловро Бува и Ведран Комерички. Снимките се од Загреб, Сплит, Липик и Дуго село а во спотот учествуваат Ива Ивановиќ, Иван Цезар и Сандрино Пожежанац. (В.Т.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена