На изгледот на жената секогаш може да се најдат недостатоци- недоволно кадрава коса, голем нос, куси нозе, широк струк,мали гради, рамен задник… Но, наскоро на оваа листа можеби ќе се најдат и интимните органи. Уште сега некои жени се стравуваат што ќе се случи ако таму долу нешто не е во ред. Најхрабрите веќе прават пластика на долните усни, пишува Космополитен.
Швајцарските гинеколози, пак, веќе ги измериле гениталиите на 657 жени и ги објавиле резултатите. Студијата била спроведена од август 2015 до април 2017 година меѓу пациентки во гинеколошките ординации во Луцерн. Лекарите го мереле клиторисот, големите и малите срамни усни, а потоа ги анализирале резултатите. Сите жени биле од белата раса на возраст од 15 до 84 години.
Според резултатите просечната големина на малите усни е 4,3 сантиметри. Со оглед на тоа што должината варирала од пет милиметри до 10 сантиметри, сето тоа може да се смета за нормално. Должината на големите усни е осум сантиметри, опсегот е од 1,2 до 18 сантиметри. Просечната должина на видливиот дел од клиторисот е седум милиметри, опсегот е од 0,5 милиметри до 3,4 сантиметри. Најважно од сето ова е дека жената треба да знае дека вулвата е сосема нормална, освен ако не предизвикува физичка болка или непријатност. Сите учеснички биле на медицински преглед и се сметаат за здрави.
Научниците се надеваат дека овие резултати ќе ги убедат жените кои се сомневаат дека таму долу нешто не е во ред. Концептот на „голема или мала“ е само измислен од оние кои сакале да се пошегуваат со жените.
Извор: jenata.blitz.bg