Од вчера скопската авангарда доби простор за неограничено изразување и бидејќи работите доаѓаат од срцето и просторот е – во самото срце на градот. Станува збор за галеријата „Колектив“, сместена на Градскиот Плоштад, што ќе функционира како изложбен, простор за настани, перформанси, проекции, работилници…
Во служба на уметноста, стартот беше означен со мултимедијалната изложба „Dysfunction of progress“, спој на фотографии, скулптури и видео- приказни, првата заедничка работа на младата брачна двојка- Горазд (скулптор) и Стефани (фотограф), со што беше најавена отворена соработка со уметниците кои трагаат по простор за нивните креации.