„Со мојата диета верувајте, нема утка. Штом ќе почувствувам ме затега коланот, здолниште, знам време е за- проверени нешта. Еве ја „процедурата“.
Првиот ден е овошен (чистење на органите за варење) – портокал, киви, мандарини и јаболки и 2литри чај за прочистување. Вториот ден се јаде само зеленчук (свежи салати) и се пијат 2 литри чај. Од третиот до 10-тиот ден јадам пилешко бело месо и салата (колку што сакам), еден ден јадам риба и салата (колку што сакам). Во тој период не пијам никаков алкохол а ако сум на некоја пригода каде што треба да се наздрави, тогаш земам 1 чаша бело вино.
По 10-тиот ден менитото е следно: 1 ден варен зеленчук, 1 ден- макарони со домати, 1 ден само риба, 1 ден јогурт, 1 ден млеко, 1 ден чорба од зелка, повторно за прочистување. И кога ќе се качиш на вага, си велиш ,,ах, фала му на Господ“ , полесна 4-5 килограми, и се разбира, среќна.“