Скоро година дена постои и делува Здружението ХЕМА, што дава помош и поддршка на пациентите со хематолошки заболувања. Здружението е формирано по иницијатива на Лидија Пецова, претседател,
а потпреседател е Милица Кузмановска, менаџер за комуникации, која не информира за плановите целите и ангажманите на ХЕМА.
Всушност сите ангажмани на здружението произлегуваат од потребите на пациентите- тука спаѓа пристапот до најновите лекови и терапии, можноста да одлучуваат при изборот на лекување, користење на поволности кои ги нуди здравствениот систем…
– Во досегашниот период, од формирање на ХЕМА, земавме активно учество и едукација на најважните настани кои се одржаа во областа на онколошкоте, поконкретно хематолошките заболувања, а тоа се Конгресот за хематологија ЕХА, кој се одржа во Стокхолм, Шведска, CML& MPN Horizons, Прага, Р.Чешка, Конгресот за окологија ЕСМО, од кој неодамна се вративме, а беше одржан во Минхен, Германија. Исто така, нашата др. Мирјана Бабамова, извршен директор во ХЕМА, моментално ја следи програмата за обука на” Myeloma Patients Europe Advocate Development Programme”.“
Кузнановска вели дека сите добиени информации и искуства ќе се применуваат кај нас а неодамна
за одбележување на септември, месец за подигнување на свесноста за хематолошките заболувања, здружението спроведе кампања на социјалните мрежи.
– Имаме добра соработка со Клиниката за хематологија и со нашите доктори хематолози а многу бргу
ХЕМА ќе даде вистинска поддршка за пациентите преку организирање на работилници, поволни и прифатливи информации за планот на лекување, што да се очекува при самиот процес на лекување и пост третманот, и најважното, психо-социјалната и нутритивна поддршка кои многу би го подобриле и олесниле самото лекување, заврши Милица Кузмановска.