Вчера вечер во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2018.
Нашата претставничка, Катерина Ничовска (17години од од Скопје) ја освои титулата Најдобар национален костим.
Изборот се одржа во прекрасниот Calista Luxury Resort во Белек, Анталија, каде учесничките претстојуваа 10 дена, подготвувајќи се за големото финале.
Новата Кралица на Евроазија е претставничката на Молдавија, а круната и ја предаде минатогодишната победничка, нашата Сандра Стефановска.
И Сандра и Катерина се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија, за овој интернационален избор за убавина.