Заврши петтиот Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска“ – театар без дискриминација, што годинава изобилуваше од игра на мали- големи актери, сликари, танчери, пејачи.
Вистински празник за сите оние што овие три дена ја почувствуваа магијата на овој магичен театар што на едно место ги собра креативците од регионот.
„Игри без маска“ ги урна бариерите и предрасудите поврзани за лицата со хендикеп, давајќи им подеднаква шанса на сите.
Денеска победи љубов, игра, победи театарот без дискриминација, единствен на Балканот.