2.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Колумна: Креирам, живеам – За почеток, превоспитајте го умот

Љубовта кон себе не е одраз на нашата самобендисаност, ароганција и себичност. Љубовта кон себе е природно чувство за кое сме создадени. Се во нас е дизајнирано за да можеме да уживаме со себеси.
Но, треба да знаеме дека сè во животот ни успева или, не ни успева, поради мислата или сликата што ја имаме за себе, дали ќе бидеме свесни дека можеме да привлекуваме здравје, изобилие и љубов.
Значи, за да ја почувствуваме љубовта кон себеси, треба да го превоспитаме срцето и умот. Нема да верувате, но умот е многу поедноставен за превоспитување, а за тоа најважно е да се откажеме од заблудата дека љубовта е нешто што треба да се очекува и да се добие од другите. Мислата, идејата дека некој нас прво треба да ни покаже љубов, за да знаеме дека сме вредни за љубов и за да можеме да ја возвратиме некому, е најголемата и најдеструктивна наша заблуда.
Тогаш очекуваме и животот го поминуваме чекајќи љубов од своите родители, од партерите, децата….а, дали сте подготвени да признаете дека љубовта не треба да ја очекуваме од другите луѓе, туку дека можеме да си ја овозможиме самите на себеси?
На долгиот пат од нашето духовно патување, доколку сме подготвени ќе се откриваме, осознаваме и засакаме такви какви што сме, несовршени. Сите ние имаме цел на постоење, да не сме ја имале – не би постоеле, само треба да откриеме, која е нашата цел? Чии животи треба да ги допреме и разубавиме, да бидеме љубезни кон самите себеси, да искажуваме зборови на благодарност, восхитување и уживање.
Кога си поставувате некоја цел, доколку не ја постигнувате, не се критикувајте, не се осудувајте, ако се прифаќате себеси, ќе се засакате.
Животот ви одговара онака како вие го гледате, а се тргнува од љубовта кон себеси. Работата на себе е многу интересна, забавна и себеоткривачка. Играјте си со мислите низ кои ќе прелистувате албум од најсреќните мигови од животот. Почувствувајте и допрете, мириси и пејзажи. Чувство на среќа и љубов со самиот себеси е извор на нови, уште поубави соништа кои чекаат да бидат реалност. Ако си забележувате многу себеси, си префрлате, не сте задоволни од некои ваши промашувања, неуспеси, имате опасност да заболите.
Најголемата лична трансформација за поубава и посреќна реалност е прифаќањето на самиот себеси. Простете си за сите ваши животни промашувања и вљубете се во себе, затоа што вие сте единствената личност со која најдолго ќе останете заедно, сè до крајот од животот.

Наде Молеровиќ, мотивациски тренер

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена