Во Студиото на Александар Митевски викендов започна снимањето на проектот „БЕБУЛИ 2“ на актерот Марин Бабиќ. Проектот е логично продолжение на мошне успешното издание „БЕБУЛИ“ и ќе содржи поезија од Огнен Неделковски, музички обликувана од Александар Митевски и мајсторски изрецитирана од бардот на македонското глумиште, Марин Бабиќ. „БЕБУЛИ 2“ ќе содржи и две песни кои му се посебно драги на Марин, а се дел македонската и балканската поезија. Проектот е наменет за сите романтични души, кои се изморени од сивото секојдневие и кои трагаат по капка надеж.