9.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Колумна. Наде Молеровиќ: Препознавање на туѓите чувства е највисоката емоционалната писменост

Денес во глобалниот свет успеваат оние кои се свесни за себе си, за сопствената одговорност, за сопствените мисли. Оние кои знаат дека животот е во нивните раце и се од нив ависи. Оние кои имаат развиена емпатија, оние кои умеат да слушаат, оние кои разбираат дека имаат душа.
За да се одгледа и да се воспита среќно и успешно дете потребно е поседување и развивање на емоционалната интелигенција, интелигенцијата со срце и емоционалните вештини. Училиштата, за жал, не нудат вакви знаења кои ним толку очајно им се потребни. Потребни им се ментори, родители, наставници, тренери кои самите се емоционално писмени, обучени со применливи техники, како да се справуваат со различни емоции кои ќе им помогнат во решавање проблеми, контакти и соработка со други луѓе, донесување на вистински одлуки и препознавање на можности и избор.
Некаде во САД, учениците имале изборен предмет- емоционална писменост, еднаш во неделата. Од анализата и евалуацијата на резултатите, постигнатите ефекти кои се мереле, после некое време се заклучило дека тие деца постигнуваат повисоки резултати, посреќни се, помотивирани и водат успешен и задоволен живот. Ако порано се вреднувала рационалната интелигенција, колку брзо некој ќе успее да го најде излезот од лавиринотот, денес многумина сметаат дека многу поважно од пронаоѓањето на излезот е – како човекот ќе се справи со сопствените емоции доколку не успее да го пронајде од прв пат, како да прави обиди , уште еднаш и уште еднаш, и какви одлуки ќе носи.
Емоционалната интелигенција е всушност сопсобност за контрола на сопствените нагони, сопсобност да се управува со нив, дури и тогаш кога не се чувствува баш најсреќно. Емоционално интелигентната личност секогаш е мотивирана, полна со ентузијазам, оптимизам и тогаш кога не се постигнуваат успеси согласно со поставените цели.
Да се препознаат и туѓите чувства е највисокото ниво од емоционалната писменост, да се соживее со туѓата несреќа или неуспех. За жал, денес училиштата и училниците се полни со деца кои се чувствуваат несреќни, навредени, незадоволни и тажни, изложени се на потсмев од другарчиња кои не знаат, не умеат да препознаат какви емоции и тага носат ваквите однесувања.
Тоа е секојдневие, искажување на сопствените мисли и емоции се сметаат за израз на слабост, не е кул да бидеш емотивен,срамно е да си тажен, паметен….
Затоа децата денес, кога ќе побарате јавно да зборуваат на одредена тема многу тешко се осмелуваат јавно да зборуваат, се од страв дека некој ќе ги исмева.
Какви извртени вредности се на цена? Добро би било кога родителите од најрана возраст во нивниот начин на воспитување би потикнувале развој на чувството за лична вредност, почит кон другиот, разбирање и сочуство за страдање на другиот, трпеливост и љубезност, толеранција и љубов.
Денес најголем проблем се разгалените деца чии родители го изгубиле сопствениот авторитет и респект и на своите деца не умеат да им кажат- не!
Кога ќе му кажете – не, му давате можност да се соочи со сопствените фрустрации и разочарувања, го учите да биде трпеливо и да ги контролира сопствените пориви. Ако на децата им купувате се што ќе посакаат, им ја ускратувате можноста за раст и развој, па така со текот на времето ќе се чувствуваат несреќно и депресивно.
Често прашувајте го детето како се чувствува. Ако вие сте лути, кажете му дека се чувствувате така. Именувајте ги вашите емоции, немојте да глумите дека сте среќен, ако не сте, така ќе го овозможите тоа да ги препознава и да учи.
На пример, направите скала на емоции во која ќе изразите ликови на среќа, тага и неутрално чувство и учете го детето да ги искажува во текот на денот или да објасни во кои ситуации се чувствувале така или онака.
Најтешката лекција на која треба да ги научиме децата е да не ги поштедуваме од негативните емоции. Поради неизмерната љубов која ја имаме често мислиме дека правиме добро ако ги поштедиме од „негативните емоции” кои најчесто ги прават тажни. Родителите кои ги пишуваат домашните задачи наместо нивните деца, не дозволуваат тие да погрешат, а со тоа се праќа погрешна порака. На детето му треба подршака и помош,а не да се превземе целиот товар на себе, како би го заштитиле од страдање и грешки.
Ние треба да направиме детето да се справува со своите негативни чувства. Како? Кога од мали ќе ги учиме да ги искажуваат своите емоции, ако ги научиме дека препреките и грешките се дел од патувањето до успехот и среќата. Ние сме одговорни за нашите деца. Ние сме одговорни за нивното детство, за нивните спомени и сеќавања. Сетете се само на кој начин вашите родители оставиле белег на вас. Работете на себе , сетете се што ви пречело во воспитувањето и однесувањето на вашите родители и обидете се да го промените тоа, затоа што само на таков начин ќе бидете подобри родители и подобри луѓе.
Родителството ќе биде успешно завршена животна задача само доколку ги оспособиме децата самостојно да се справуваат со секојдневните предизвици кои ќе ги има во изобилие на патувањето наречено – живот!!!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена