9.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Колумна. Наде Молеровиќ: Позитивните, насмеаните луѓе се светлината на човештвото

Секој ден се будиме подготвени да излеземе во светот на секојдневието, барајќи ги сите можни убави и радосни искуства со кои ќе го исполниме.
Сакаме мир и среќа. Сакаме да бидеме успешни и некој да ни одаде признание за тоа. Сакаме да бидеме исполнети и реализирани. И, затоа планираме да ги креираме сите овие искуства, за да на крајот на денот бидеме задоволни сами со себе.
Ние можеме да го фокусираме умот, мислите на активности и позитивната енергија пред да го започнеме новиот ден. Да, ние можеме. Ќе се посветиме на резултатите кои ги очекуваме, спокоен ден и покрај непредвидливите теченија кои можат да ти го расипат планот, да имаш убав, успешен, мирен ден исполнет со радосни искуства. Ние можеме да одбереме каде ќе одиме, со кого да бидеме и што да правиме. Овие нешта можеме да ги контролираме.
Но, има нешто што неможеме да контролираме, а, тие нешта можат да имаат големо негативно влијание на сите нешта кои сакаме да ги искусиме во денот.
Тоа нешто се другите луѓе.
Како да се справиме кога негативните луѓе ќе „налетаат“ на вашата патека и ќе внесат негативна енергија во вашата зона, вашиот простор. Има луѓе кои себе си се сметаат за жртви, заради нивниот неуспех виновни се секогаш другите, имале таква судбина, и, за се нешто бараат оправдувања, изговори, „мрчат“ што би рекле нашиве, нив се им е тешко, па не е време, па можело вака, онака…, се ќе ви изнакажат, ама, во пракса не направиле ништо, на ниту една активност немаат потпис од нивното име.
Што со таквите?
Нормално е да ги има, на светот му се потребни различни луѓе од кои сите ние учиме како треба, а најчесто – како не треба. Нешто што ние можеме да научиме во процесот на нашето лично растење и развој е уметноста да не реагираме на негативноста. Нашата човечка природа е лесно да бидеме фрлени во негативност, но, со практика, учење и искуства низ животот треба да научиме како на патот да останеме позитивни, оптимисти и да веруваме дека од нас се зависи.
Би сакала секогаш да имате предвид две важни работи: прифаќањето на негативната енергија и луѓето кои ја шират зависи само од вас, исто како фаќањето риби и рибарскиот конец кој се фрла во водата со мамецот, дали ќе бидете рибата која го изела мамецот или, ќе бидете мудрото рипче кое ќе ја забележи мамката и ќе продолжи да плива?
И второ, доколку дозволите вашата позитивна енергија, ентузијазам и отимизам да им ја дадете на негативните луѓе, значи исто како да сте ја пуштиле во тоалет. Вашата убава енергија е толку бесценета, вредна и корисна за светот. Треба да бидете супер интелигетни и мудри и да процените кому и во која количина ќе ја дадете вашата позитивна енергија која ви е потребна за оставрување на вашите соништа и цели кои сте си ги поставиле.
Затоа, важно е, доколку сакаме да ја искусиме среќата, радоста, страста, успехот, во текот денот да владееме со уметноста да не реагираме на негативните луѓе, кои патем се луѓе на кои им е потребна љубов, внимание и помош. Тоа е нивната борба, не е наша. Такви се поради своите уверувања, перспектива со која го гледаат светот, зошто не сакаат да си признаат и да се менуваат.
А позитивните, насмеаните, добронамерните се светлината на човештвото.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена