6.8 C
Skopje
петок, февруари 28, 2025
spot_img

Драгица Стевковска: Жена од народот, хронично вљубена во животот

Ја викаат – Драгче, иако официјално е заведена како Драгица Стевковска. Долги години е во медиуми, вели- никогаш не водела „напудрени дијалози“, едноставно како жена од народот знае да им се приближи на луѓето без оглед на нивниот статус и професија. Деновиве оваа интересна жена има причини за славје а најголемата и е животот.

За поетите ама и за сите нас што го вкусуваме, животот е се нешто отпочеток. Таман ќе помислиш: се е во ред, си фатил правец, ете уште едно премрежие… Омилена си меѓу народот но, не сите ја знаат твојата животна приказна.
– Животот, за жал не ми секогаш благонаклонет, уште од самото раѓање се борев да преживеам…Останав сираче уште пред да се родам, губејќи го татко ми во сообраќајна незгода… Но, му благодарам на Бога што се појави човек кој ја посака мајка ми за жена и така не отидов во дом на сираци… Добив татко а подоцна и сестричка. Иако не секогаш беше лесна живеачката, бев послушно дете. А кога имав тежина, одев во црква, едноставно пораснав во црковниот двор на црквата Св.Арангел, во мојата Виница.
Потоа дојде школо, младост, брак.
И кога помислив дека сум најсреќната на свет, имам дом, сопруг и деца, дојде кобната вест за мојата болест.

Важиш за голем оптимист и позитивец. Колку тој став ти помага од секоја битка да излегуваш како победник? И, што најмногу те крепи, држи, кога се дождливи денови?
– Голем борец сум – се борев со сите сили, молитви, лекови и билки и неколку пати ја надминав тешката битка…Верувам дека Бог има пат за мене. Вербата не ме напушти и така 20 години одев на поклонување на светилиштата низ светот и во Македонија и 3 пати во Израел, на гробот на Исус.
Покрај духовното и работата ме правеше силна. Работев за МРТВ, во А1, Наша тв, во Топ Рос радио, Азра и нашето Галеб радио, пишував за многу весници и списанија- Нова Македонија, Вечер, Време, Трето око, Илустрована политика….Весникот Вечер, минатата година посебно ме мотивира со номинација за најдобар водител, што многу ми значи.

Како се случи ангажманот на Алфа ТВ?
– Затварањето на А1 ме погоди многу а во тие денови почина и мајка ми… Доживеав мозочен удар и повторно го газев тешкиот пат…Силни искушенија. Но, се издигнав силна и повторно бев активна, овој пат на Наша тв, во која цели 5 години гледачите беа со мене и јас со нив.
Тешките турбулентни времиња политички пресврти направија повторно да се најдам во една неизвесност и тежина. Во исто време останавме без работа и јас и сопругот и тоа на маргините на животот. Без егзистенција, без здравствено осигурување, едноставно- без излез…Но, не се предававме- јас со рачните изработки, тој со песната, така живеевме и тоа ни помогна да не тропнеме на врата кај никого… Тешки 2 години, кога незнаеш жив си или не…
И тогаш се случи повикот од мојата Анкица Стојановска- Митровска, пријателка и колешка од А1, сега програмски директор во Алфа тв. Ме повика на нова работа во Алфа, во дневната редакција. Бев пресреќна, нејзе и го должам моето ново живеење и радост: на 13 август 2018 за првпат во етерот тргна Алфаскоп магазин, и сега го славам првиот роденден..
Едноставно, работата „ми легна“, ги сакам и почитувам колегите, имам супер тим. И сега се соочувам со убавините кога си повторно жив…

Кога ќе помислиш на утре, што прво помислуваш?
– На тоа да сум здрава, да немам повеќе искушенија, да се здрави и живи моите блиски, ама и сите други луѓе. Како што кажав, го сакам и разбирам народот, и убаво ми е да гледам среќни и насмеани лица околу себе.
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена