15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Наместо роденденски подароци, донации за музејот!

Една невообичаена – за наши услови, состојби и навики – вест, неодамна се испрепелка по медиумите и социјалните мрежи: во моментот сега и тука- како создадена за рубриката „Верувале или не“на г. Рипли.
Имено, бизнисменката Олга Костовска за прослава на својот 45. роденден, наместо да ѝ купуваат подароци, ги замолила своите пријатели да донираат за Музејот на современата уметност во Скопје, поточно да учествуваат во реконструкцијата на скалите и платото.
Замислено – сторено. Од Олга и пријателите се собра сума од 600.000 денари и наскоро ќе почне реализацијата на нов, освежен изглед на платото на Музејот.
На Олга Костовска никој не ѝ ја оспорува успешноста во бизнисот. Напротив.
Но, јавноста малку или речиси – воопшто не знае за нејзините донации, помагање и хуманост. Разбирливо, туѓата несреќа и потреба за помош никогаш не ѝ биле средство за самопромоција. Што би кажал чичко Рипли, „да не ти се верува“, но тоа е дел од карактерот за кој оваа успешна жена ретко (читај -не) зборува.
Сега малку ќе ви ја освежам меморијата.
Во едно интервју во, сега веќе покојниот ама никогаш прежален „Утрински весник“, директорката на „Еуролинк“ на прашањето „што може да ѝ се купи, подари на Олга, која може да купи сѐ“, вели:
– Го препознавам подарокот со порака, а бидејќи сум креативец, ги сакам нештата направени од љубов. Кој тука размислува за пари? И имаат ли тие пасош до срцето за да купат сѐ? Ова не сум го кажала никаде, го чував за себе како најдраг подарок што себично нејќев да го делам со другите. Многу ме трогна песната што поетесата Светлана Христова-Јоциќ ми ја има напишано и посветено. Со оној нејзин жуборлив глас ми ја прочита со сета нејзина живописност, а мене ми поминаа морници… Ете тоа сакав да го кажам за парите… Моите пријатели знаат дека чанта или парфем никогаш нема да ме трогнат…“
Ете драги мои, ретки се, но ги има- успешни, полнокрвни, убави луѓе. Едно се парите, второ е човекот, а трето – срцето.
Тоа непогрешливо ги детектира искреноста и добрата намера.
Валентина Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена