Лујза Хеј, пионер на афирмации беше основач на движењето за самопомош и зачетник на идејата дека со позитивен став можеме да ја промениме својата реалност, во 1976 година ја напиша првата книга за тоа како да го исцелиме своето тело.
Лујза сметаше дека со секоја мисла ја креираме иднината, а мислата можеме да ја промениме во кој било момент. Во согласност со тоа, состојбата на нашиот дух е одговорна за настанувањето на физичките заболувања, како и за сите негативности кои ни се случуваат во животот.
Нарушување: Изливи на бес, агресија
Веројатна причина: Бес. Уверување дека насилството е одговор на сите проблеми.
Афирмација: Опкружена сум и исполнета со мир.
Нарушување: Болка
Веројатна причина: Вина. Вината секогаш бара казнување.
Афирмација: Со љубов се ослободувам од минатото. „Тие се слободни и јас сум слободна.“ Сега е се` во ред во моето срце.
Нарушување: Брадавици
Веројатна причина: Мали изрази на омраза. Увереност во грдотијата.
Афирмација: Јас сум потполн израз на љубовта и убавината на животот.
Нарушување: Бронхитис
Веројатна причина: Несреќна семејна средина. Расправии и викање. Понекогаш и „убиствена“ тишина.
Афирмација: Воспоставувам мир и хармонија во себе и околу себе. Се` е во ред.
Нарушување: Камен во бубрег
Веројатна причина: Насобран гнев.
Афирмација: Со леснотија ги решавам сите проблеми од минатото. (Продолжува)