10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Сузана Јовчева: „Македонија“ ми излезе од гради

„Ако ме прашувате за инспирација, едноставно е и ќе ви кажам- голема, најголема љубов кон татковината, кон македонците што ги има секаде низ светот и коишто од дното на душата ја сакаат својата родна Македонија“- веднаш на почетокот, во преставувањето на композицијата „Македонија“ ни изјави потписничката на музиката и текстот, Сузана Јовчева.
Сузана ја изведува „Македонија“ заедно со Гоце Димовски, Гоце Узунски, Марјан Јовановски, Горан Гешовски, Ангел Ќосев, Илија Филиповски, Александар Стефановски и Перо Стефановски а дел од артистите коишто учествуваа во снимањето се членови и соработници на култната музичка група „Синтезис“.
Песната има емотивната експресија, Сузе отсекогаш имала моќна вокална интерпретација, поврзана со силната ритмичка структура, хармонија и инструментална изведба на артистите коишто се дел од песната „Македонија“.


Аранжманот е заеднички, за снимањето и продукцијата се погрижија Сузана Јовчева, Ангел Ќосев и Александар Стефановски а истата е снимена во студијата „Подрумот“ и „Alex Home Studio“ во Скопје.
Значи останува да ја слушнете „Македонија“, а засакувањето потоа е сосема природна работа.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена