Препораките во продолжение претставуваат верувања на народот, некои правила на однесување се поврзани со 31 декември а некои важат за 1 јануари.
НИКАКО НЕМОЈТЕ:
1. Да пропуштите да им честитате на драгите луѓе
Се смета дека во тој случај Новата година ќе ви донесе емотивно студенило и дистанца.
2. Не позајмувајте пари
Таквиот почеток на годината претскажува 12 месеци материјални проблеми.
3. Не изнесувајте ништо од дома на 1 јануари
Ништо буквално значи ништо! Ова важи дури и за ѓубрето. Буквално баш ништо не смее да го напушти вашиот дом во првиот ден од Новата година.
4. Перење
Немојте да перете или да миете садови на 1 јануари. Во некои култури постои верување дека ако перете на овој ден – тоа значи дека ќе „исчезне“ некој од куќата во наредната година.
5. Време
Кога ќе се разбудите во првото утро од годината, погледнете преку прозорецот да видите какво е времето. И за времето постојат длабоко вкоренети суеверија:
– ако ветерот тој ден дува од југ значи дека наредната година ќе биде добра и богата
– ако е од север – цела година ќе биде ладна и со лошо време
– ако дува од исток – годината ќе донесе страдања и неволји
– ако дува од запад (ова е најчудно) – ќе има доволно риби и млеко, но една важна светска фигура ќе почине
– ако нема воопшто ветер на 1 јануари – не` чека весела и богата година.