Во 67 година од животот почина дива на екс-ју глумиште, вечно девојче, една од најубавите жени, кревка по духот, Неда Арнериќ, актерка која последните години од животот живееше далеку од радоста.
Неда во се што правеше беше префинета и децентна, а и крајот и беше таков: почина дома, седната на трпезариска маса.
Неда зад себе остави огромна трага, беше и секс симбол на југословенската кинематографија, а улоги по кои ја паметиме се од „Сутјеска“, „Валтер брани Сарајево“, „Ужичка република“,„Варљиво лето“.., а кариерата и беше долга половина век.
Биографите бележат 100 филма и 40 театарски претстави каде Неда остави свој белег. Првата улога и беше во филмот „Сан“ (1966), а култната роља ја имаше во филмот „Ко то тамо пева“.
За филмот „Исправи се Делфина“ во 1977 на Александар Ѓурчинов доби Сребрена арена во Пула а во Ниш- „Царица Теодора“ , а телевизиската серија „Полицијац са Петловог брда“ и ја врати старата слава во деведесетите години.
Бидејќи беше дете кога почна да се бави со глума, мислеше дека се е привремено, во едно интервју вели- „..Одењето на сет за мене беше како собирање салвети“, но како што растеше стана славна, претпознатлива и тоа на моменти и пречеше, особено што беше припадничка на нежниот зодијачки знак Рак.
Заврши и Факултет на Ликовни уметности, а неколку години имаше своја галерија во Белград.
Три години беше во брак со актерот Раде Марковиќ, а потоа се омажи со хирургот Миле Мештеровиќ и со него беше заедно цели 37 години. Со неговата смрт минатата година, за неа остана само тага. Се бореше со депресија, и најмногу од се веруваше до чистотата на човечката душа.
Многу сакаше да работи, а празнината што толку ја чувствуваше во себе по се изгледа и го прекина животот кога сеуште можеше да се даде.
Во едно телевизиско интервју, Неда спомна дека ја добила наградата за животно дело „Павле Вујсиќ“, најмногу поради жирито кое ја одбра токму неа. Тогаш легендите- Мира Ступица, Мира Бањац и Богдан Диклиќ решија дека Арнериќ треба да ја добие оваа импресивна награда. Ово податок скоро никаде не е спомнат, а Неда толку многу сакаше да и признаат дека не е само убава, туку дека – си ја знае работата.
За среќа, постојат многу кои ја ценат и како голема актерка.
Извор- luftika.rs
Фото- FB