10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Јулија Мациевска, животен тренер за личен раст и развој, енергетичар и мотиватор: Како и зошто си заминуваме од овој свет?

Луѓето сеуште веруваат и мислат дека се само физичко тело. И покрај тоа што знаењата ни се на дофат, поголем дел од популацијата многу малку или воопшто не сака да го прошири своето знаење, да се едуцира и да стане свесен – кој е, што е, зошто е на овој свет, во овој облик, во ова физичко тело. И- до кога ќе остане во него, зошто е здрав или болен, до кога ќе остане и како ќе го напушти овој свет…

Мора да сфатиме дека сме многу повеќе од нашето физичко тело. Ние сме тродимензионални битија и опстојуваме како Ум, Душа и Тело. Всушност ние сме душа во тело. Нашата душа, уште пред да дојде во ова тело, точно знае какво тело ќе одбере и низ какви искуства ќе поминува во овој живот.

Душата го одбира својот животен пат, секое животно искуство, затоа што  може да се изрази и спознае себе си преку искуствата низ кои ќе поминува во овој живот. Но, заедно со душата, која е чиста љубов, дар од Бога,Универзумот, го добиваме и егото, кое е всушност нашиот Ум.
Затоа понекогаш сме како поделени, тоа се оние моменти кога нашиот Ум (Егото) и Душата (Безусловна љубов) не се во склад.
На прашањето како и зошто си заминуваме од овој живот, особено кога губиме некој близок или пак кога некој поминува низ болни процеси и немаме одговори – зошто се случува тоа?
Потребно е да знаеме дека душата го одбира својот пат уште пред да дојде во ова инкарнација, во ова физичко тело.Таа исто така одбира и на кој начин ќе го нашушти телото и кога.

Често пати кога ви се случува да сте во болка, поради близок кој страда од некоја болест, треба да знаете дека болеста е избор на неговата душа. Душата одбира начин да дојде до себе си, до безусловната љубов, токму низ тоа искуство на болест. Па така некои луѓе низ такви искуства и го напуштаат овој живот, т.е. душата го напушта телото и оди во вечноста или во друга димензија. Всушност, си оди дома.
На човековиот Ум најчесто му е тешко да сфати како е можно некој да одбере таков пат, па кога некој заминува од овој свет, т.е. неговата душа низ некаква болка, блиските поминуваат низ големи емотивни кризи, низ тага, страв од губитокот на блискиот, страв од смртта…болка, чувство на вина, на себеказнување дали направиле се, и разни други емоции.
Во такви моменти мора да се совземете, да престанете да се самообвинувате и првично свесно да делувате, знаејки дека тоа е избор на душата, која за да дојде до себе го одбрала токму искуството низ кое минува.
Телото е минливо, душата е вечна. Кога душата заминува во вечноста или во онаа димензија каде што е Безусловна Љубов, таа како чиста љубов едноставно не сака другите да бидат тажни.
Затоа, во ред е да бидете тажни кога некого ќе изгубите, но тагата не решава ништо. Знајте дека тоа е избор на душата, која одлучила на тој начин да замине од овој живот. Во такви моменти молитвено и во љубов, обидете се да ја разберете душата на вашиот близок. Ако сте направиле се што е во вашата можност, нема ништо добро да направите ако се самообвинувате, ако се себеказнувате со изолација, со револт кон Бога, кон неправедност…
Една клиентка ми постави вакво прашање – како да го прифатам заминувањето на татко ми од овој свет, кога му се живееше?
Да, можеби изгледало така, но едно е што вели Умот (егото) а друго е што вели душата. Душата секогаш знае што сака, душата многу поодамна го одбрала ова искуство, па и тоа како ќе замине од ова тело.
Ако душата само сакала да помине низ такво искуство а одбрала да живее сеуште во ова тело, таа ќе најде начин како да се себеисцели, т.е. да го исцели телото кое го одбрала, ако не- таа ќе го напушти.
Затоа, во такви моменти еманирајте љубов и благодарност, отколку малодушност.

Така многу повеќе ќе и помогнете на блиската особа, а и себе си.

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена