Потребно е: 150 гр морски плодови, 100 гр нудли, путер, кромид, сол, бибер, домат исечен на коцки.
Рецептот е еднставен, брзо се прави а сите што ги сакаат школките, лигњите и другите морски плодови, ќе ужуваат во вкусот.
Кромитчето се пропржува на путер, а потоа се додаваат морските плодови и половина од доматот исечкан на коцки. Потоа се додаваат и варените нудли, се меша и за вкусот да остане автентичен, се зачинува на крај.
Се сервира топло, со рукола.