15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Пријателства на далечина: Маријана Новачевска

Секој од нас, особено ако е со долга меморија, има пријатели на кои се сеќава со нежност, луѓе кои му се на чекор до срцето, но реално- иљадници киломерти далеку.
И покрај „паметни“ и какви се не телефони, физичкото присуство е незаменливо, иако ни се сменија размислувањата во времето на корона.
Муабетот ми беше, телефонот не може да замени гушкање, повик во „ниедно време“, „ти реков ми рече“ муабети. Токму затоа: Колку и дали пријателствата издржуваат далечина и разделеност?

Маријана Новачевска 28 години живее во Мелбурн, Австралија и секое доаѓање во Македонија за неа и за нејзините блиски е вистински празник. Тогаш е се забрзано, деновите и се нижат како на лента и секогаш останува „уште нешто“ што ќе се прави во следното доаѓање.
„Времето кое го поминувам кога ќе си дојдам во мојата Македонија е секогаш кратко, весело но и болно, постојано ги бројам деновите кои ми останале, и секој миг го споделуваам со моите најмили и со искрените пријатели.


Јас ја имам среќата до мене и околу мене да имам луѓе кои се вистински и добри луѓе и пријатели. И покрај тоа што некои сметаат дека далечината си го прави своето, вистинската љубов и почит кај многуте од нас навистина постои.
Се чувствувам сакана и почитувана а можеби тоа е резултат на тоа што јас сакам и почитувам со сето мое срце и мојата душа...

На фотографиите е еден дел од моите прекрасни сеќавања со пријателки и пријатели со кои заради далечината не сме во постојан физички контакт…Толку далеку а сепак толку блиску, мотив плус, кога ги гледам сликите да го имам чувството на припаѓање.

Да сте ми живи и здрави сите!
В.Т.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена