Популарната кошаркарка Јелена Антиќ, првата Македонка која заигра за Евролига, на јавноста и е позната како голем професионалец. Иако многумина велат дека атрактивната Јелена спортската сала мазно можеше да ја замени и со манекенската писта, евидентно е дека кошарката и ги донесе најголемите радости.
Но постои уште нешто што Јелена ја прави многу среќна, нејзината голема страст, а тоа е сликањето. На својот ФБ- профил Јелена го објави резултатот на своето хоби- сликите и цртежите со кои таа ги исполнуваше карантинските денови.
Браво Јелена! Можеби талентите меѓусебно се привлекуваат, препознаваат?
Како и да е, сликањето навистина треба да го негува, и надвор од карантинот. Којзнае какви се убавини крие четкичката на популарната спортистка.
В.Т.