4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Недела на италијанската кујна. Рижото со рибизла и козја рикота

Состојки за 4 лица:
280 гр ориз сорта балдо
80 гр путер
80 гр козја рикота
60 мл сок од рибизла
0,3 гр ксантан
10 гр рибизла во прав
1 литар растителен бујон
12 листови од крбулица
25 гр пармиџано
6 гр сол

Постапка
Во сокот од рибизла се додава згуснувачот ксантан и се мати со рачен блендер се додека не добие желатинозна структура, а потоа се става во шишенце со отвор.
Рикотата се мати со маталка за да стане кремаста и мазна смеса и потоа се става во слаткарски шприц.
Оризот се застаклува на тава со 20 гр путер, потоа се посолува и се готви со растителниот бујон. Кога е готов, надвор од оган се додава путерот и пармезанот и се меша.
Се сервира во широка чинија, а одозгора се гарнира наизменично со кремата од рикота и со желатинот од рибизла. Се поросува со рибизла во прав и со листови крбулица.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена