4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Во изнемоштеноста го разбудив херојот во мене, и реков: можам, можеме…ние сме тројство, од Бога е, свето!

Годината зад мене беше соочување со големи стравови, со болка, солзи…прашалници…
Нема поголема болка за мајката, кога го гледа сопственото дете во немоќ, во болка која не се опишува, во неизведност од утрешниот ден …

Но, се созедов, се сетив низ што се сум поминала во животот. Се сетив на мудроста, која ја учам со години наназад. И се потпрев на себеси, на својата интуиција, се поврзав пак и пак, со срцето, се зацврстив во молитвата, се осамив во тишината и ги отворив ширум вратите на верата. И секако најмоќната водилка – љубовта. Зашто без љубов, нема вера, нема излез. Излезот, светлината, исцелението, се можни само со верата и љубовта.
Дали сме навистина благодарни за секое наше „добро утро“, за секој наш ,,добар ден“? Дали сме навистина благодарни, за се добро и за она помалку добро, и за она што го нарекуваме „лошо“?
Дали можеме да прифатиме, дека се што ни се случува, е за наше најголемо добро, дека се што мислиме дека е лошо, всушност е за добро.
Дали можеме да ги видиме скриените благослови, во она што го нарекуваме „лошо“.
Можеме ли само за момент да се сетиме, како секој тежок момент во животот, секој предизвик или искушение, не зацврстил и направил од нас посвесни, помудри луѓе. Животот, кој на некој начин ни направил многу лузни, всушност бил еден богат, животописен, волшебен живот.
Година што измина и ме направи повозрасна, всушност ми подари голема мудрост. Ме натера повторно и повторно да ја зацврстам оваа животна лекција, да ја сватам уште подлабоко мудроста на верата, на прифаќањето, дека се што ни се случува е за поголема цел. Ме натера уште подлабоко да ја разберам моќта на благодарноста во најтешките моменти. Моќта на непоколебливата вера, дека ова е само уште еден предизвик, на патот наречен – живот. На Божествениот пат, кој ни е даден за да пораснеме во Бога.
И тогаш застанав простум, додека солзи ми се слеваа низ образите, му се обратив Нему и реков: ,, Боже, води ме. Само Ти знаеш како, само Ти знаеш каде. Јас мислев, дека нешто знам, но сега гледам дека ништо не знам. Затоа Боже мој, покажи ми го Ти патот, зашто само Ти гледаш се, знаеш се и можеш се”.
И патот почна да се отвора. Не беше лесен, но се движев чекор по чекор. Се качував скала по скала… Ден ли е, ноќ ли е? Постојано бев будна, будна до изнемоштеност. Но и во таа изнемоштеност, го разбудив херојот во мене, и реков ,,можам, можеме…ние сме тројство, од Бога е, свето…до победа”.

Повторно срцето затрепери од радост, душата мека – од милост. Повторно можам да се насмеам, повторно да бидам инспирација, мотивација…
Овој роденден и се поклонувам, и се заблагодарувам на Јулија.
Таа Јулија, што како феникс од пепелта, ги возобнови своите крилја и „На крилјата од љубовта“ (како што носи наслов нејзиниот хит по кој е претпознатлива, н.з) пее и сведочи за малите-големи чуда, за нова страница во животот, благодарејќи и славејќи го Бога, кој и вели: ,,Среќен роденден Јулија!“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена