5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

„Легенде“ на „Охрид фест“: Се радуваме на средбата со македонската публика

Зоран Дашиќ- Даша, првиот човек на групата „Легенде“ во ова мини интервју открива во што е тајната на 30-годишно постоење на групата и на над 1.400 концерти забележани во нивната бографија. „Кога не бркаш хитови, туку оставаш емоциите да ја напишат песната, навистина се создаваат евергрини- вели овој голем уметник и уште поголем професионалец. Во Охрид никогаш не биле, и со задоволство ќе настапат пред нашата публика на 10 септември, во ревијалниот дел на Фолк вечерта на „Охрид фест“.

Сите што ја сакаат групата „Легенде“ ќе имаат можност да ве видат и слушнат на 28-мото издание на „Охрид фест“. Имате ли спомени врзани за Македонија, го познавате ли Охрид и со што ќе настапите на фестивалот?
– Многу се радуваме на можноста да настапиме во Охрид, особено што никогаш не сме биле на вашето преубаво езеро. Да, и јас сум слушнал за убавината и посебноста на овој ваш бисер, па еве можност да се увериме во тоа. Во Македонија сме настапувале неколку пати- во Универзална сала во Скопје, во Куманово и во Прилеп, и навистина сме одушевени со приемот и љубезноста на домаќините. Ете, не доаѓавме често, но имаме убави впечатоци. Искрено се надевам дека и во иднина ќе заслужиме слично внимание од публиката.
На „Охрид фест“ ќе настапиме во ревијалниот дел на Фолк вечерта, на 10 септември, со 5-6 песни, колку да ја потсетиме публиката на нашата работа. Се надеваме ќе ги најавиме нашите идни гостувања во вашата убава и за мене многу драга земја.

Како го поминавте периодот на музичката апстиненција за време на пандемијата, и колку ви значат средбите со публиката?
-Периодот на корона не затекна во промоција на новите песи со новиот пејач, кој дојде во меѓувреме, но ние за овие 33 години некако навикнавме ненаметливо и полека да работиме, без пренагласен и агресивен маркетинг. Ние си ја имаме нашата приказна, кој ја сака, добредојден е, кој не- и тоа е во ред. Важно е да го сочуваме достоинството и нивото на културата што го применуваме без отстапки и по цена на поголема популарност или квази популарност.
Се надевам на нормализација на здравствената состојба и дека ќе продолжиме со концертната активност.

После неколку децении успешна кариера, „Легенде“ станаа бренд, верни чувари на традиционален звук, без оглед на промените во групата. Вашиот знак на препознавање секогаш била песната, но сепак- како публиката реагира на новиот пејач Никола, и дали можеби тој екипира помлада публика?
– Никола Зекиќ одлично се вклопи во групата, внесе освежување и нова нергија така што со клавијатуристот Марко Дашиќ, прават нова енергетска база и нов погон за работата на групата. Никола е солист на Радио Белград веќе 6-7 години, има квалитет и искуство и е долгогодишен хармоникаш и фолклорист.
Свесен сум дека навиката е голема работа и дека многумина ќе имаат резерви на почетокот, но во светот на естрадата промени на пејач се честа појава, особено кога групата работи долго. Потребно е само малку време за да публиката навикне на Никола.

Вие сте автор на песните што во меѓувреме станаа евергрини- „Не питај“, „Моја си“, „Због тебе“, „Еј младости“ „Та два ока“…,не трчате по хитови, и во вашиот потпис секогаш се препознава искрена емоција, копнеж и вистинска мајсторија тоа да го кажете- низ ноти и зборови.
– Да ми кажеше некој пред 30-тина години дека само една песна ќе ми остане запаметена, ќе бев пресреќен, а еве поприличен број на песни, како што велите, станаа евергрини и со години живеат во народот. Нашиот нов албум „Легенди 2020“ наиде на одлични критики, но публиката е таа која ќе го даде последниот збор, така што, како и досега останувам умерен оптимист.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена