4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Запомнете ја Сања Димова, и прогнозираат блескава кариера

Македонката Сања Димова, во последното издание од „Ѕвездите на Гранд“, го воодушеви жирито и балканската публика. Сања се престави со „Судбо моја“ и „Опет имам разлога да живим“, освојувајќи фантастични 5 гласа од жирито и еден од продукцијата.
По потекло струмичанка, од музичко семејство, младата Сања, која студира музичка академија, на прашањето од Саша Поповиќ кого ќе избере за ментор во следниот круг, одговори дека ја сака Цеца, а пејачката со задоволство прифати да работи со младата македонка.
„Верувај ми душо дека ќе биде се добро“ – изјави Цеца, откако Сања ја избра за нејзин ментор, алудирајќи на тоа што треба да се поправи, за да биде уште подобро во вториот круг.
Нејзините родители, македонските пејачи Борис и Билјана, и беа поддршка зад сцената и се преставени како извондредни вокали, кои можеби наскоро, по сугестија на жирито ќе ги видиме на сцената од „Никогаш не е доцна“.
Ако може да заклучиме по коментарите од првиот круг и оваа сезона Македонија ќе има учесник кој ќе не преставува во одлично светло, бидејќи со нејзиниот талент и скромност, Сања има големи шанси да стаса и до големото финале на крајот од оваа сезона.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена